Хејли Линк Бринкмајер: 28-годишната физиотерапевтка почина два дена по вакцината на Модерна

Хејли Линк Бринкмајер: 28-годишната физиотерапевтка почина два дена по вакцината на Модерна

Евансвил, Индијана - САД - Хејли Линк Бринкмајер, здрава 28-годишна девојка од Индијана неочекувано почина во својот дом два дена откако ја прими вакцината на Модерна против Ковид-19

Нејзината мајка, Шауна, конечно излезе во јавноста со приказната за нејзината ќерка.

Хејли работеше како физиотерапевт во Здравствениот кампус на реката Норт, заедница на постари лица во Евансвил. На 20-ти јануари, установата објави соопштение дека ја одржуваат својата „прва од трите клиники за вакцина против Ковид... И жителите и персоналот ги засукаа ракавите за да го направат својот дел за да го забават ширењето на овој ужасен вирус“, се вели во него.

Хејли ја прими својата доза еден ден порано во вторник, 19-ти јануари за да ја заштити заедницата на постарите луѓе. Таа се разбудила болна следното утро според нејзиниот сопруг. Физиотерапевтот кој штотуку го заврши докторатот и се омажи во 2018 година, беше пронајдена мртва во нејзиниот дом еден ден подоцна во четвртокот, на 21 јануари.

Мајката на Хејли, Шауна О'Нил Линк, неодамна излезе во јавноста со трагичната приказна на нејзината ќерка:

„Јас лично мислам дека инјекцијата на Модерна предизвика ненадејна смрт на мојата ќерка. Окружниот судски лекар пресуди дека нејзината смрт е дијабетична кетоацидоза и ми кажа дека нема доволно податоци за да се утврди дали инјекцијата Модерна ја предизвикала нејзината смрт или не.

Погледнете го целосното нејзино сведочење:

 

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА