Фејсбук го отстрани видео коментарот од мексиканскиот кардинал

Фејсбук го отстрани видео коментарот од мексиканскиот кардинал

Мексиканскиот кардинал Хуан Сандовал Шигуез беше цензуриран од Фејсбук откако тврдеше дека пандемијата КОВИД-19 е дел од „заговор за нов светски поредок“.

 

Кардиналот Хуан Сандовал Шигуез во видеото објавено на Фејсбук изјави дека вакцините за коронавирусот го содржат „белегот на ѕeверот“.

Во видеото со наслов „Заговор за нов светски поредок“, објавено на 12 јануари, 87-годишниот кардинал тврди дека пандемијата ќе трае уште неколку години.

 

„Оваа пандемија нема да заврши за еден месец или два, можеби не оваа година, можеби не за три, четири, пет, шест години. Тоа е она што го сакаат овие луѓе“.

 

Сандовал го обвини Бил Гејтс дека основачот на Мајкрософт си ги дал атрибутите на „пророкот“ предвидувајќи појава на фатална болест.

 

Фејсбук веднаш го блокираше видеото и додаде предупредување во кое се вели: „Овој пост ги повторува информациите за КОВИД-19 кои се обележани како лага од независни проверувачи на факти“

 

Хуан Сандовал Шигуез беше Архиепископ на Гвадалахара 17 години пред да се пензионира во 2011 година. Тој изјави дека целта на заговорот е да се создаде единствена светска влада со единствена армија, економија и религија што нема да биде христијанска.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА