Уште еден целосно вакциниран фудбалер колабира за време на мечот, јавни повици за истрага

Уште еден целосно вакциниран фудбалер колабира за време на мечот, јавни повици за истрага

Играчот од средниот ред на Хефилд Јунајтед, Џон Флек колабирал за време на натпревар во вторникот

Флек беше изнесен од теренот на носилки откако му беше даден третман и кислород. 30-годишниот шкотски репрезентативец падна на земја во средината на натпреварот и соиграчите брзо дадоа знак за лекарска помош. Флек бил итно пренесен во болница, но утрово бил отпуштен.

Според The ​​Star, сите играчи на Шефилд ја добиле втората доза во август.
Џон Флек добива лекарска помош откако колабирал на теренот

Поранешниот професионален фудбалер Тревор Синклер праша за време на пренос во живо на TalkSPORT, англиска радио станица која емитува спортски дискусии, дали Флек ја примил вакцината, сепак, програмата во живо одеднаш беше прекината откако Синклер го постави прашањето:

„Мислам дека секој сака да знае дали ја примил вакцината против Ковид?

Синклер денеска преку твит праша дали долгата листа на фудбалери и други врвни спортисти кои ненадејно паѓаат на теренот во последните месеци е поврзана со вакцината против Ковид.

 

Легендата на Премиер лигата и поранешен англиски репрезентативец Мет Ле Тисиер повика на истрага по колапсот на Флек на средината на натпреварот минатата ноќ.

Инцидентот се случи помалку од еден месец откако целосно вакцинираниот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, имаше тешкотии со дишењето за време на натпреварот на Барса со Алавес минатиот месец.

На поранешниот стрелец на сите времиња на Манчестер Сити подоцна му беше дијагностицирано оштетување на срцето и се шпекулира дека наскоро ќе објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА