Рап легендата Ди-Ем-Екс почина на 50 годишна возраст

Во изјавата на неговото семејство се вели дека Ди-Ем-Екс  починал покрај неговите роднини по неколку дена одржување на живот.

 

Номинираниот изведувач за Греми, чие вистинско име беше Ерл Симонс, почина откако претрпе „катастрофален срцев удар“, според болницата во Вајт Плејнс, Њујорк, каде што бил однесен од неговиот дом на 2 април.

 

Други шпекулативни објави на Интернет како: Ди-Ем-Екс почина одкако ја прими вакцината, моментално не се потврдени од сигурен извор.

 

Изјава на неговото семејство:

"Ерл беше воин кој се бореше до самиот крај. Тој го сакаше своето семејство со целото свое срце и ние ги цениме времињата што ги поминавме со него", рече семејството, додавајќи дека неговата музика "инспирирала безброј обожаватели низ целиот свет и неговото иконско наследство ќе живее засекогаш “.

 

„Ние сме длабоко тажни да објавиме денес дека нашата сакана личност, Ди-Ем-Екс, родено име Ерл Симонс, почина на 50-годишна возраст во болницата Вајт Плејнс со своето семејство покрај него, откако беше ставен на издршка за изминатите неколку дена .

 

Ја цениме целата Љубов и поддршка во ова неверојатно тешко време. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност бидејќи жалиме за загубата на нашиот брат, татко, чичко и човекот што светот го познаваше како Ди-Ем-Екс.“

 

Извор: Линк

Сподели ако ти се допаѓа

ПОСТ НА ГОДИНАТА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

АГЕНДА 2030

СЛУЧАЈНИ ОБЈАВИ

Канал на Телеграм

Следете не на Телеграм и добивајте ги актуелните објави на нашиот канал! Кликнете овде!

Андроид апликација

Симнете ја нашата Андроид апликација, не и се потребни додатни овластувања за да работи!
При инсталацијата штиклирајте „Непознати извори“ - Unknown sources.
За симнување кликнете некаде на текстот!

122-e1607381836877(1)

Стапи во контакт со нас

Don`t copy text!