Професионалниот фудбалер Рикардо Гомес колабира на тренинг 6 недели откако ја прими вакцината против Ковид-19

Професионалниот фудбалер Рикардо Гомес колабира на тренинг 6 недели откако ја прими вакцината против Ковид-19

СРБИЈА – Фудбалерот на ФК Партизан од Белград, Рикардо Гомес, колабираше на тренинг помалку од шест недели откако ја прими вакцината против Ковид-19

Состојбата на најдобриот стрелец на тимот се смета за „исклучително сериозна“, според главниот тренер Александар Станојевиќ.

Прво се мислеше дека Гомес претрпел помали компликации по неговиот колапс на тренинг. Сепак, ситуацијата се смета за многу посериозна како што рече на неодамнешната прес-конференција селекторот Станојевиќ.

„Тој колабираше на тренинг и ситуацијата е исклучително сериозна“.

Гомес (29), кој важи за еден од најдобрите играчи во српската Суперлига, ја прими „вакцината“ на крајот на октомври заедно со соиграчот Квинси Мениг и тренерот Станојевиќ, кои лично го однеле Гомес на местото за вакцинација, наводно затоа што не сакал да ја прими.

 

Станојевиќ (лево) го зеде Гомес (десно) со себе за да ја прими вакцината против СОВИД-19

 

Тренерот Станојевиќ коментираше дека секој играч е одговорен за тимот.

„Сите кои се во овој тим мора да бидат одговорни еден за друг. Ако ова беше индивидуален спорт, тогаш ќе беше поинаку и тогаш ќе можете да правите што сакате како индивидуа“.

Гомес, кој оваа сезона беше еден од најдобрите стрелци во лигата, се соочува со долго опоравување и прашање е дали 29-годишниот фудбалер оваа сезона повторно ќе се појави на теренот.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА