Претседателот Макрон го најави патот до белегот на Ѕверот!

Претседателот најавува дека од 14 јули 2021 година луѓето повеќе нема да смеат да купуваат намирници во супермаркетите доколку не се вакцинирани?!?

Буквално: санитарен пасош во кафулиња, ресторани и трговски центри, како и во болници и домови за стари лица. Зголемени контроли на границите и патување само со пасош за вакцинација.

Футв Медиа: Денес пасошот за вакцини (генски експериментални инјекции) утре белегот на Ѕверот-Антихристот, за кој Јован не опоменува во Откровението под глава 13 стих 16,17,18

 

Извор: библија.мк

Откровение 13

1 Змејот застана на морскиот брег. Потоа забележав како од морето излегува еден Ѕвер со десет рогови и седум глави. На секој од десетте рогови носеше круна, а на секоја глава носеше натписи со богохулни имиња.

2 Ѕверот имаше тело како од леопард, нозе како од мечка, а уста како од лав. Змејот му ги предаде на Ѕверот својата моќ, својот престол и својата голема власт.

3 Забележав дека една од главите на Ѕверот му беше смртоносно ранета. Но смртоносната рана му зарасна и сите жители на Земјата се занесоа по Ѕверот:

4 Тие почнаа да го обожаваат Ѕверот и да му се клањаат на Змејот што му ја беше дал сета своја власт на Ѕверот. Му се клањаа и на Ѕверот и говореа: „Кој е како Ѕверот и кој може да му се противстави!?“

5 На Ѕверот му беше дозволено да се нафрли и да Го навредува Бога, и да владее четириесет и два месеци.

6 Тогаш Ѕверот отвори уста и почна да Го навредува Бога, да ги хули Неговото име, Неговото живеалиште, како и небесните жители.

7 На Ѕверот му беше дозволено да војува против Божјите луѓе и да ги надвие. Му беше дадена власт над секое племе, народ, јазик и раса.

8 На Ѕверот ќе му се поклонуваат сите оние жители на Земјата чии имиња уште пред создавањето на светот не се запишани во Книгата на животот што Му припаѓа на Јагнето, Кое беше убиено.

9 Ако имате слух – слушајте!

10 Кој е определен за ропство – ќе падне во ропство; кој е определен да загине од меч – ќе загине од меч! А Божјите луѓе се повикани на трпеливост и верност!

11 Потоа видов и втор Ѕвер. Тој излегуваше од Земјата. Имаше два рога како јагне, но зборуваше со глас на змеј.

12 Овој Ѕвер е во служба на првиот Ѕвер, кој имаше смртоносна рана што му зарасна. Тој ќе ја користи сета своја власт да ги натера сите луѓе на Земјата да му се клањаат на првиот Ѕвер.

13 Притоа, тој ќе извршува и големи чуда; ќе направи дури и оган од небото да паѓа, пред очите на луѓето.

14 Целта на вториот Ѕвер е да ги заведе луѓето на Земјата, со чудата што ќе ги извршува. Тој ќе ги убеди луѓето да му направат икона на Ѕверот што беше смртно ранет со меч, но преживеа.

15 Нему ќе му биде дозволено да внесе живот во иконата, која ќе проговори и ќе ги убива сите што нема да му се клањаат на Ѕверот.

16 Тој ќе ги принуди сите луѓе – мали и големи, богати и сиромаси, слободни или робови – да бидат обележени на десната рака или на челото.

17 Без тој белег никој не ќе може ништо да купува или да продава. Белегот ќе биде името на Ѕверот или бројот што ќе го претставува неговото име.

18 Потребна е мудрост за да се разбере ова. Тој што е прониклив, ќе може да го открие значењето на бројот на Ѕверот. Бројот се однесува на човек и изнесува 666.

 

Понатаму во:

Откровение 16:2 (MNT)

Првиот ангел отиде и го истури својот сад врз Земјата. Тогаш на луѓето што го имаа белегот на Ѕверот и и се поклонуваа на неговата икона им излегоа чиреви што страшно болеа.

 

Откровение 14:11 (MNT)

Димот од нивното мачење ќе се крева во вечни векови и тие нема да имаат спокојство ни дење ни ноќе! Таква ќе им биде казната на оние што ќе му се поклонат на Ѕверот и на неговата икона и ќе го примат белегот на неговото име.

 

Не го инјектирајте отровот на змијата кој води до белегот на Ѕверот.

Најголемиот успех на Ѓаволот е кога луѓето мислат дека не постои – Футв Медиа

Христос наскоро доаѓа! 

Сподели ако ти се допаѓа:
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

ПОСТ НА ГОДИНАТА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

АГЕНДА 2030

СЛУЧАЈНИ ОБЈАВИ

Канал на Телеграм

Следете не на Телеграм и добивајте ги актуелните објави на нашиот канал! Кликнете овде!

Андроид апликација

Симнете ја нашата Андроид апликација, не и се потребни додатни овластувања за да работи!
При инсталацијата штиклирајте „Непознати извори“ - Unknown sources.
За симнување кликнете некаде на текстот!

122-e1607381836877(1)

Стапи во контакт со нас

2020 -2021 futv.media