Мишел Барлоу: почина од згрутчувања на крвта предизвикани од вакцината АстраЗенека

Мишел Барлоу: почина од згрутчувања на крвта предизвикани од вакцината АстраЗенека

Истрагата откри дека мајка на две деца починала од згрутчување на крвта предизвикано од вакцината АстраЗенека против Ковид-19, пренесува Dailymail.

Мишел Барлоу беше примена во болница откако претрпе главоболки и гадење околу една недела по примањето на првата доза од вакцината на 7-ми март, но трагично почина подоцна истиот месец на 23-ти март.

51-годишната починала од „мултиорганска инсуфициенција како последица на белодробна емболија“.

Патологот кој ја забележа причината за смртта рече дека постои „причинска врска“ помеѓу згрутчувањето на крвта во белите дробови на Барлоу и вакцината од АстраЗенека што таа ја примила.

Мишел Барлоу

Сопругот на Мишел рече дека семејството не можело да остане со неа во болница поради ограничувањата на КОВИД, но на 22 март добил телефонски повик од медицинска сестра која му кажала да стигне во болница што е можно поскоро.

„Знаев дека нешто не е во ред. Кога го добив тој телефонски повик, очекував да одам да ја видам сопругата и таа да преживее“.

Оддавајќи ѝ почит на својата сопруга, г-дин Барлоу рече:

„Таа беше прекрасна сопруга, мајка и баба. Таа беше ништо помалку од совршена. Мишел беше и е за мене најљубената, грижлива, трпелива и несебична личност која некој може да ја запознае.

Таа беше агилна и здрава. Немаше ништо“.

Повеќе информации на Англиски јазик во изворот погоре.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА