Карлос Техада: 49-годишниот уредник на Њујорк Тајмс почина од срцев удар помалку од 24 часа по вакцината

Карлос Техада: 49-годишниот уредник на Њујорк Тајмс почина од срцев удар помалку од 24 часа по вакцината

Заменик-уредникот на Њујорк Тајмс за Азија, Карлос Техада, почина од срцев удар помалку од 24 часа откако ја прими засилувачката инјекција на Модерна против Ковид-19

Техада, која работеше во Волстрит журнал пред да се пресели во Њујорк тајмс, ја прими засилувачката инјкекција  на 17 декември.

Карлос Техада (49) беше уредник во Азија 13 години, вклучително и во Волстрит журнал.

Сопругата на Техада ја сподели веста на 18 декември дека нејзиниот сопруг трагично починал од проблем поврзан со срцето:

„Спругата на Карлос, Нора изјави: Со најдлабока тага морам да споделам со вас што Карлос почина синоќа од срцев удар.

Го изгубив мојот најдобар пријател, а нашите деца изгубија навистина одличен татко. Ќе бидам надвор од социјалните мрежи некое време“.

Некрологот на Њујорк Тајмс објасни како Техада „помогнал да се обликува покривањето на глобалната Ковид-19 криза што ја доби Пулицеровата награда“.

Меѓутоа, Њујорк Тајмс не упатуваше дека тој го добил засилувачкиот шприц на Модерна само неколку часа пред неговата прерана смрт.

Таткото на две деца првпат беше вакциниран со вакцината за КОВИД-19 на Џонсон и Џонсон во јули и објави слика заедно со оваа порака на Инстаграм:

Техада, кој живеел во Јужна Кореја, го добил засилувачот на Модерна на 17 декември, но без информирана согласност, бидејќи формуларот за согласност бил напишан на корејски што тој не можел да го прочита додека го објавил на денот на неговата смрт:

„Се што требаше да направам е да го пополнам овој формулар на јазик што не можам да го читам“.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА