Згасна уште еден млад живот - 13 годишно девојче почина откако прими вакцина од Фајзер, започна истрага

Згасна уште еден млад живот - 13 годишно девојче почина откако прими вакцина од Фајзер, започна истрага

Покрената е истрага за смртта на 13-годишната Ванеса Мартинс Фигуеиредо од Арарангуа, Бразил, која почина веднаш по нејзината прва доза вакцина против Ковид-19 на Фајзер, објави бразилската новинска агенција Ревиста Оесте

Ванеса ја прими првата вакцинација на 9-ти ноември, а пет дена подоцна се зарази со Белова парализа.

Девојчето од градот Арарангуа страдаше од парализа на лицето и слабост на едната страна од лицето само пет дена откако беше вакциниранa so Фајзер и и беше дијагностицирана Белова парализа. 13-годишната девојка била третирана со кортикостероиди (антиинфламаторен лек) за да и се подобри состојбата.

Меѓутоа, нејзиното здравје се влошило со текот на неделите и била хоспитализирана на 29 декември поради проблеми со дишењето. Ванеса потоа била интубиирана и префрлена во детската болница Јоана де Гусмао во Флорианополис на 2-ри јануари, каде што почина осум дена подоцна, во понеделникот на 10-ти јануари.

Мајката на Ванеса, Алис Романо, изјави за Ревиста Оесте:

Цела ноќ пробале се, но утрото состојбата и се влошила. Потоа ме повикаа и ми рекоа дека не може да се направи ништо повеќе бидејќи инфекцијата стигнала до важен дел од нејзиниот мозок.

Во 10:15 часот мојата ќерка почина.

Алис, исто така, извести за смртта на нејзината ќерка на Фејсбук и објави соопштение во кое вели дека нејзиното 13-годишно девојче немало здравствени проблеми и дека таа починала како резултат на вакцината. Таа ја објави оваа порака на 10 јануари, денот на трагичната смрт на нејзината ќерка:

Дирекцијата за епидемиолошки надзор во Санта Катарина соопшти дека е започната истрага за да се утврди дали постои причинско-последична врска помеѓу нејзината смрт и примената вакцина на Фајзер.

Смртта на девојчето беше пријавена од општината како можен несакан настан по вакцинацијата (АЕПВ поврзан со администрацијата на вакцината.
Имајќи предвид дека пријавувањето на АЕПВ мора да се случи во период до 30 дена по вакцинацијата, оваа информација треба внимателно да се процени бидејќи смртта може да биде предизвикана од други причини и не мора да е поврзана со вакцината.

Сепак, Алис останува убедена дека смртта на нејзината ќерка се должи на вакцинацијата на Фајзер, како што напиша на Фејсбук:

„Мојата ќерка штотуку почина поради вакцината „Фајзер“.

Ванеса беше погребана овој вторник.

Трагичната смрт на Ванеса дојде само неколку месеци откако 13-годишното бразилско момче Вевертон Силва почина од ненадеен срцев удар, шест недели откако ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19 на Фајзер.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА