„Доминација“ - Вистинското лице на новиот светски поредок

„Доминација“ - Вистинското лице на новиот светски поредок

Светот моментално се наоѓа во незапирлив процес на историска трансформација што, според финансискиот германски експерт Ернст Волф, не може да се врати назад

Причината за ова е што нашиот финансиски и економски систем се заканува да колабира и не е остварлив во сегашната форма. Затоа финансиската елита во моментов прави се што е во нејзина моќ да воспостави нов светски и економски поредок во нивна полза.

Ова во моментов се подготвува на различни начини, а истите имиња се појавуваат постојано: Светскиот економски форум, скратено СЕФ, Фондацијата Рокфелер и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Глобалните централни банки исто така играат важна улога.

Реорганизацијата е спакувана во ветувачка агенда како што е „Големото обновување (ресетирање) или „Агендата 2030“. Во оваа програма се истакнати различни карактеристики кои покажуваат дека нивниот вистински карактер е сè само не поволен.

Како одговор на претстојниот колапс на финансискиот сектор, сите големи светски централни банки сега работат целосно на воведување на нов монетарен систем - дигиталната валута на централна банка.

Ова треба да постои само во дигитална форма и да се управува централно преку сметки во централната банка. Веќе нема да има вистински избор помеѓу различни банки или плаќање со готовина или со картичка. Преку овој централизиран и алтернативен паричен систем, тогаш може да се определи човештвото во секој поглед.

На овие пари може да им се даде рок на траење или да се потрошат за одредена цел. Исто така, ќе биде можно да се одбие плаќање или трансфер во случај на недостаток на добро однесување или целосно да се блокира сметката.

Со оглед на тоа што идните плаќања ќе се вршат со допирање на мобилен телефон или со скенирање на КуЕр-код, оваа контрола нема да ја врши само државата, туку сè повеќе и големите ИТ групи. Како резултат на тоа, владите се делумно обезвластени, додека дигиталните корпорации и финансиската елита зад нив продолжуваат да стекнуваат влијание.

Со оглед на овие ризици, повеќето луѓе не би прифатиле такви пари во нормални околности. Но, што ако економијата е доведена на колена како резултат на мерките за короната, низа мали и средни компании особено се банкротирани и работните места се уништени во огромни размери.

Што ако се ограби државната каса, а државите се безнадежно презадолжени и се заканува целосен хаос? Ако тогаш на населението му се понуди нов монетарен систем, во комбинација со безусловен основен приход, како спас и нов почеток, тие најверојатно ќе го прифатат.

На тој начин, сериозните економски и социјални штети предизвикани од зактворањата/блокадите би можеле паметно да се искористат за да се постави овој систем за плаќање.

 

Судан - онтрола со помош на универзален основен приход

Од 2017 година, меѓу другото е и идејата за универзален основен приход. управувано од Светскиот економски форум СЕФ, Светската банка и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Декларираната цел е, меѓу другото. „финансиско вклучување“ (давајќи им на сите пристап до финансиски услуги). Сепак, ова не значи шанса да имате индивидуална банкарска сметка, туку повеќе да ги „внесете сите во системот“, како што веќе дефинираше шефот на ПејПал, Ден Шулман во 2015 година, што значи тоа може да се види во Судан..

Таму се обидуваат делумно бунтовното и фундаменталистичко население од добри 32 милиони луѓе со општ основен приход од пет долари месечно да го стават на дигитален поводник. Предуслов за овој приход е биометриската регистрација на секој примач и плаќање преку мобилен телефон.

На овој начин населението треба целосно да се евидентира и потоа да се контролира преку мобилниот телефон. Со повлекување на дигиталната милостина во случај на незаконско однесување, тоа потоа може да се „образува“ по желба. Значи, зад ветувачката фасада на безусловен основен приход не се крие програма за подобрување на светот, туку перфиден план за следење и контрола на целата светска популација.

 

ИД 2020 - Планот за целосен надзор

Според плановите на претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, сите граѓани на ЕУ треба да добијат дигитален идентитет. Ова треба да се искористи за да може да се направи се во сите земји на ЕУ без дополнителни трошоци и бирократија - од плаќање даноци до изнајмување стан.

За таа цел треба да се евидентираат информации како вакцинацијата и финансиската состојба, но и податоци од Фејсбук или смартфонот. Биометриските податоци, како што се отпечатоци од прсти или лица, треба да се користат како „ИД“, така што е можно дури и патување без пасош.

Она што му се претставува на населението во име на напредокот и безбедноста, сепак, е точно спроведување на агендата на „Големото обновување (ресетирање)“ и „Четвртата индустриска револуција“ на Светскиот економски форум СЕФ.

Според ова, целото човештво треба да добие единствен дигитален идентитет како дел од иницијативата ИД2020. Опасната работа во врска со тоа е создавањето на централни наднационални бази на податоци. Ова им овозможува на мултинационалните ИТ корпорации, тајните служби и полициските власти да ги евидентираат сите дејствија што ги преземаат луѓето ширум светот и лесно да ги идентификуваат сите оние што се складирани таму. Така, ИД2020 се покажува како огромен чекор кон целосно следење и контрола на човештвото.

 

Во подготовка е приватен светски пасош

За да може повторно да се патува без проблеми во екот на пандемијата на короната, „Фондацијата на проектот Комонс“ основана од Фондацијата Рокфелер и СЕФ го објавија почетокот на новоразвиениот „Комон-Пасош“ во октомври 2020 година.

Оваа пропусница не е физички документ или апликација во строга смисла на зборот. Тоа е како мета-апликација на паметниот телефон што ги користи сите апликации на авиокомпании, туристички компании и владини агенции ширум светот за да ги зачува и проверува податоците на патниците на стандардизиран начин.

Тоа значи дека во иднина „Комон-Пасошот“ треба самостојно да проверува дали се исполнети условите за влез, а не повеќе поединечните држави. Дополнително, сите податоци како доказ за идентитет, историја на патување, банкарски податоци или препознавање на лица и глас може да се интегрираат во „Комон-Пасошот“.

На овој начин, паметниот телефон во иднина ќе стане исклучително сеопфатен и глобално функционален „пасош“, чија употреба може да се прошири на сите области од животот. На овој начин, националните влади се заобиколуваат и обезвластуваат, додека ИТ компаниите кои го развиваат и управуваат „Комон-Пасошот“ стануваат повеќе или помалку приватен светски орган. Така, и со овој проект, корона кризата вешто се користи за подготовка на новиот централизиран светски поредок.

Дали однесувањето на сурфањето наскоро ќе ја одреди кредитната способност?

Класичното кредитирање се заснова на кредитната способност (способност за отплата на долгови). Под изговор дека сака да им помогне на имигрантите и младите претприемачи, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) сега очигледно размислува да ги промени критериумите за кредитирање.

Бидејќи, според мислењето на експертите на ММФ, критериумите како што се приходите, должината на работниот однос и средствата сами по себе веќе не се репрезентативни, кредитната способност во иднина ќе се оценува и според однесувањето на користењето на Интернетот.

Станува збор за посетени веб-страници, контакти на социјалните мрежи и она што купувачот го купува онлајн. Ова значи дека „дигиталниот отпечаток“ на секој заемопримач наскоро би можел да се анализира и процени со помош на вештачка интелигенција. Зарем тоа не звучи како уште еден чекор во состојбата на целосен надзор, кога доделувањето финансиски услуги зависи од тоа кои страници сте ги прегледале на Интернет?

 

Индија - вистинското лице на агендата 2030

Национален генерален штрајк започна во Индија во ноември 2020 година, во кој беа вклучени околу 250 милиони луѓе. Причината за ова се радикалните закони за земјоделство донесени од владата на Нарендра Моди.

Овие закони имаат за цел да им овозможат на големите компании во иднина да купуваат земја, да собираат суровини и да склучуваат директни зделки со земјоделците. Ова ги заобиколува регионалните пазари и ги доставува земјоделците до корпорациите кои ќе ги диктираат цените во иднина.

Ова се очекува да доведе до пропаст на околу 10 милиони мали стопанственици и мали посредници, како и преземање на индиското производство на храна од страна на мултинационални корпорации.

Значајно е што овие радикални закони произлегоа од перото на Светскиот економски форум, накратко СЕФ и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и се во согласност со Агендата за 2030-тата година и „Големото обновување (ресетирање)“. Нивната официјална цел е да создадат „одржливо“ глобално земјоделство.

Со оглед на овие меѓусебни односи, очигледно станува збор за воспоставување на цврста корпоративна диктатура која безмилосно ќе го експлоатира светот и ќе го претвори во ропска држава.

Американскиот државник Бенџамин Френклин еднаш рекол:

„Секое општество кое се откажува од малку слобода за да стекне малку сигурност,
нема да ги заслужи двете и ќе ги изгуби и двете“.

Со оглед на развојот на настаните наведени во оваа програма, сега е важно да одлучите дали сте подготвени да се откажете од својата слобода малку по малку за поголема удобност и наводна сигурност. Затоа сега се бара од секој поединец да стане активен и да ја заслужи својата слобода.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА