Делаја Бел се отвори за нејзините здравствени проблеми предизвикани од вакцината

Делаја Бел се отвори за нејзините здравствени проблеми предизвикани од вакцината

Холивуд, Лос Енџелес, – Делаја Бел, ќерката на холивудските актери Лиза Рина и Хари Хамлин се отвори за нејзината тајна здравствена битка во речиси 30-минутно видео објавено на нејзината страница на Инстаграм вчера.

23-годишната манекенка им кажа на своите 1,6 милиони следбеници дека минува низ низа медицински проблеми во текот на изминатата година и дека вакцината против KОВИД-19 можеби предизвикала „разгорување на голем број автоимуни болести во нејзиното тело. ”

Делаја Бел (во средината) со нејзините родители Лиза Рина и Хари Хамлин

Далила ја започна својата приказна велејќи:

„Значи, ова е страшно да се направи затоа што навистина ми беше побарано од некој близок да не ја раскажувам мојата приказна“.

Таа потоа продолжи:

„Во основа на почетокот на годината, сакам да кажам дека февруари и март ја добив вакцината против Ковид-19. И во никој случај не велам дека сум анти-ваксер затоа што тотално не сум. Едноставно не знаев доволно за тоа. Никој не знаеше.”

Набргу по втората доза на Модерна, таа рече дека почнала да добива лоши напади на паника - објаснувајќи дека тие не се слични на ништо што таа некогаш го имала.

„Не сфатив дека вакцината ќе предизвика автоимун одговор во моето тело што во основа се разгоре и предизвика одредени автоимуни болести за кои не знаев дека ги имам“.

Еве извадок од видеото на Инстаграм каде 23-годишната девојка зборува за нејзините здравствени битки предизвикани од вакцината против Ковид-19:

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА