Дали се ова првите жртви на 5G мрежата? (видео)

И повторно починаа 5 лица, вклучително и 9-неделно старо бебе во количка и други 18 сериозно повредени. Таквите настани се тажни и истовремено чудни, во секојдневниот живот на денешниот свет.

 

Но, што знаеме за овој напад и што се чува во тајност?

Во вторникот, 1 декември 2020 година, во 14:20 часот, во центарот на Трир - Германија 5 лица беа убиени и 14 повредени  од страна на алкохолизиран возач во пешачката зона на Трир, според градоначалникот Леибе.

 

Возачот е уапсен на само неколку метри од местото на настанот, и сега е во притвор. Еден ден подоцна, бројот на повредени се зголеми од 4 на 18.

Во 14 часот и 35 минути, полицијата побара да се држи настрана од местото на настанот. Градот Трир исто така ги повика луѓето да го избегнуваат центарот на градот.

Околу 15:10 часот, градот Трир најави прва изјава во нивниот печат. Позадината на инцидентот првично беше нејасна.

Беа замолени сведоци со видеоснимки да не ги објавуваат на социјалните мрежи.

Локален жител го опиша следново во германскиот печат Bild „подолу линк до видеото“:

Отидов до прозорецот, успан од сон. Одеднаш видов како паѓаат луѓе едед по друг. Затоа сум изненаден кога слушнав дека случката била предизвикана од возач на автомобил.

 

Не видов ништо од страна на автомобил. Луѓето  попаднаа независно од автомобил. Како да паѓаат во несвест.

 

Мојот прв импулс беше дека: ова може да е напад со отровен гас. Две жени станале хистерични и врескале. Потребно беше долго време противпожарната служба да биде на лице место.

 

Се обидов 3 пати да се јавам во противпожарната служба и  во брзата помош, но не можев да ги добијам. Тогаш 10 полициски автомобили беа на лице место, но немаше итен лекар.

 

Сè уште ја имам на ум сцената кога полицискиот автомобил се приближуваше до центарот на градот, еден  Човек веднаш истрча пред возачот и го повика да ја исклучи сирената, како нивото на бучавата од сирената да имаше влијание врз сериозно повредените луѓе, кои лежеа на подот

Истото го стори и со вториот полициски автомобил. Човекот веднаш повика да ја исклучи сирената, но полицијата очигледно не го сфати тоа, и тие продолжија со вклучена сирена.

Не знам што се одвиваше психолошки. Беше како лош холивудски филм.

Неколку дена пред  инцидентот поточно на 27.11 беше објавен наслов  на порталот Presseportal:(vo prevod) : Водафон носи 5G во областа Трир-Саарбург 

 

Линк до видеото од сведокот на германски јазик- Bild

Сподели ако ти се допаѓа

ПОСТ НА ГОДИНАТА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

АГЕНДА 2030

СЛУЧАЈНИ ОБЈАВИ

Канал на Телеграм

Следете не на Телеграм и добивајте ги актуелните објави на нашиот канал! Кликнете овде!

Андроид апликација

Симнете ја нашата Андроид апликација, не и се потребни додатни овластувања за да работи!
При инсталацијата штиклирајте „Непознати извори“ - Unknown sources.
За симнување кликнете некаде на текстот!

122-e1607381836877(1)

Стапи во контакт со нас

Don`t copy text!