Над 3.000 лекари и научници потпишаа изјава со која ги обвинуваат носителите на одлуки за КОВИД за „злосторства против човештвото“
„Декларација на доктори“ напишана од меѓународен сојуз на лекари и медицински професионалци ја осудува глобалната стратегија за третманот на КОВИД и ги обвинува креаторите на политики за потенцијални „злосторства против човештвото“, бидејќи ги спречиле лекарите да им понудат третмани за спасување живот на своите пациенти, и ја потиснале отворената научна дискусија.
Во документот се наведува дека препораките за третман „one size fits all“(„една големина одговара на сите“) резултирале со непотребна болест и смрт.
Група лекари и научници се состанаа во Рим, Италија претходно овој месец на тридневен глобален самит за Ковид, за да ја кажат „вистината за истражувањето и лекувањето на Ковид-пандемијата.
Самитот се одржа од 12 до 14 септември: Линк