Главниот научник на СЗО може да биде осуден на смрт

Главниот научник на СЗО може да биде осуден на смрт

Индиската адвокатска комора покрена постапка против Соумја Сваминанатан, главен научник на СЗО.

Ова е објавено од страна на онлајн магазинот L’Observateur du Maroc et d’Afrique. Според уредбата, таа е виновна за смртта на индиски граѓани со објавување за погрешни информации за лекот ивермектин.

Научникот од СЗО на 10 мај годинава објави твит во кој напиша дека СЗО советува да не се користи ивермектин против Ковид.

Како резултат, индиската држава Тамил Наду престана да користи лекот следниот ден.

Доколку д-р.Сваминанатан биде прогласена за виновна, според списанието може да се соочи со смртна казна или доживотен затвор.

Ивермектин е ефтин анти-паразитски агенс кој се користи, меѓу другото, и за борба против короната.

Според СЗО и ФДА, не е докажано дека помага против корона, но многу лекари и научници се уверени дека помага против Ковид.

Се тврди дека индиските држави кои го користеле лекот забележале значително помалку смртни случаи од корона отколку државите кои не користеле ивермектин.

Во Делхи, Утар Прадеш, Утаракханд и Гоа, бројот на случаи е содветно намален за 98%, 97%, 94% и 86%.

Случаите вртоглаво се зголемија во Тамил Наду, каде властите одлучија да престанат да користат ивермектин.

Сваминатан е обвинета за водење дезинформациска кампања против ивермектин и за лажни тврдења за овој лек на социјалните мрежи и главните медиуми.

Адвокатот Дипали Оха се закани дека ќе ја тужи за „секој еден починат“ предизвикан од нејзините постапки.

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА