Скоро третина од неодамна регистрираните смртни случаи од корона во Англија и Велс не подлегнаа на вирусот, покажуваат новите податоци.
Податоците од канцеларијата за национална статистика на Обединетото Кралство (ОНС) покажуваат дека скоро 33 проценти од луѓето сметани како жртви на корона, не умреле од Ковид, пишува „Дејли телеграф“.
Бројот на луѓе кои не умираат од Корона, продолжува да расте со падот на пандемијата а сепак се вклучени во официјалните податоци, . До неодамна, процентот беше околу 10 проценти. До средината на април се искачи на 25 проценти и продолжува да расте.
Бројките покажуваат дека во неделата на 23 април, во Англија и Велс се регистрирани 260 смртни случаи од Ковид, од кои само 67,7 проценти (176) биле навистина предизвикани од вирусот.
Повеќе смртни случаи од грип и пневмонија
Новите бројки покажуваат дека за прв пат од почетокот на вториот бран, повеќе луѓе умираат од грип и пневмонија отколку од корона. Всушност, 278 лица починале од грип и пневмонија во истата недела.
Во Англија и Велс, само 2,6 проценти од сите смртни случаи се предизвикани од коронавирус. Кевин МекКонвеј, професор на Отворениот универзитет, рече дека ова е „добра вест“. Смртта од коронавирусот се намали најимпресивно, рече тој.