Обединетото Кралство: Нема патувања сè додека не се вакцинираат сите

Во разговор на Би-Би-Си, државниот секретарот на Обединетото Кралство за транспорт, Грант Шапс рече дека тој смета дека меѓународните патувања може да зависат од сите во Велика Британија, а можеби и низ целиот свет, прво примајќи  вакцина против Ковид-19..

Неговата најава дојде откако владата на Обединетото Кралство го продолжи карантинот во хотели за патници од одредени земји кои се на „Црвената листа“. Казните за криење на фактот дека сте биле на места како Португалија може да резултираат со големи казни, па дури и 10 години затвор.

Тој рече дека единствениот начин да се спречи ова е да се вакцинираат сите - и тоа вклучува чекање за другите земји да ги достигнат своите програми за вакцинација.

 

Извор: Линк

ПОСТ НА ГОДИНАТА
futvlogo1

Футв Медиа е самофинансиран медиум, известуваме целосно независно од политичките партии, државните институции и невладините организации.

Стапи во контакт со нас