Лекарите бараат од ЕУ да ги запре сите студии за вакцини

Поради значителни безбедносни проблеми, поранешен потпретседател и главен научник на фармацевтскиот гигант Фајзер, му се придружи на истакнат германски лекар и поранешен раководител на локалниот оддел за јавно здравје во поднесување на барање за непосредна суспензија на сите студии за вакцините против CКОВИД-19 во Европа.

 

Д-р Мајкл Једон, кој  до 2011 година ја имаше највисоката истражувачка позиција во Фајзер во областа на алергија и лекови за дишење, и епидемиологот и белодробниот специјалист д-р. Волфганг Водарг го поднесоа своето барање до Европската агенција за лекови (ЕМА), која е одговорна за одобрувањето на лекови во Европската унија.

 

Подносителите  посочуваат дека ПЦР тестовите , кои се широко користени низ целиот свет како средство за откривање на вирусот COVID-19, се познати кај експертите за недостаток на точност, и затоа се несоодветни за сериозна студија. Како алтернатива, тие бараат да се користи нешто што се нарекува „Секвенционирање на Сангер“.

Без таквата промена, „ниту ризикот од болест, ниту можната корист од вакцината  можат да се утврдат со неопходно [ниво на] сигурност“, и затоа, потврдуваат тие, само поради овој фактор, „тестирањето на вакцината врз луѓето  е неетички “

ПОСТ НА ГОДИНАТА
futvlogo1

Футв Медиа е самофинансиран медиум, известуваме целосно независно од политичките партии, државните институции и невладините организации.

Стапи во контакт со нас