Почитувани,
Коалицијата за заштита на децата го објави првиот документарен филм од серијата најавени документарци.
Ви препорачуваме да го погледнете и да го споделите со вашите роднини и пријатели, како и на вашите медиумски платформи.
Иако на прв поглед документарецот изгледа како далечна приказна за Македонија, ве уверуваме дека доколку се воведе родово сензитивно образование уште од градинка, истото ќе се случува и кај нас. Децата ќе ги збунат за својот пол, а законите ќе им забрануваат на родителите да се противат на желбите на децата и без проблем ќе им одобруваат блокатори на пубертетот и хормони.
Да се потрудиме сите заеднички да го спречиме тоа. За да го спречиме, мора и да сме соодветно информирани, а токму затоа го започнавме проектот ТРАНС (НОН) СТОП и ве замолуваме вие да го пренесете до пошироката јавност.
Првиот документарен филм може да го погледнете на следниов линк
Со почит,
Коалиција за заштита на децата