Ампутирани двете нозе на вакцинирана 20-годишна манекенка

Досега здрава манекенка од Флорида се бори за живот во болница, откако претходно овој месец доживеа срцев удар

Клер Бриџис (20) беше примена во општата болница во Тампа на 16 јануари со силни болки во нозете и ѝ беше дијагностициран миокардитис, рабдомиолиза, лесна пневмонија, цијаноза и ацидоза. Неколку часа по приемот, нејзиното срце застанало.

Пред две недели, здравјето на Клер брзо се влошило кога и биле нападнати срцето и другите органи. Брзо била пренесена на одделот за интензивна нега и била ставена на апарати за одржување во живот. Нејзиниот татко, Вејн, рекол:

Таа помина низ толку многу. Последните две недели се чувствуваа како два месеци

Вејн добил повик од докторот на одделот за интензивна нега, кој го известил дека се прави кардиопулмонална реанимација бидејќи срцето на неговата ќерка престанало. Во рок од час и половина, 20-годишната морала да биде оживеана уште два пати. Лекарите и хирурзите работеле заедно за да одредат како да постапат за нејзиното срце и другите органи.

Следното утро таа била ставена на вентрикуларен асистент и дополнителна поддршка за живот. И само неколку часа подоцна, таа беше ставена на континуирана дијализа поради откажување на бубрезите.

Како што се случуваше сето ова, се создаде притисок во нејзините нозе, ограничувајќи го протокот на крв. На крајот беше одлучено дека оштетувањето на нејзините нозе е премногу тешко и неповратно - тие мораа да бидат ампутирани. Во петокот хируршки и беа отстранети двете нозе.

Вејн напиша на Фејсбук:

Кога дошол моментот да и каже дека ќе ги изгуби нозете, докторот убаво се справил со тоа и ништо не криел. Клер шепна „Сакам бионички нозе“ и се насмевна.

Нејзиниот татко е уверен дека таа може да продолжи со својата борба и да го прави она што го сака.

Знаеме дека операцијата е долг пат до закрепнување и се надеваме дека сите се молат за неа.

Беа поставени две посебни страници за да помогнат во покривањето на медицинските и трошоците за живеење. Досега двете страни собраа повеќе од 90.000 долари во донации. На една страница, меѓу другото, пишува:

Клер беше примена во општата болница во Тампа во неделата на 16-ти јануари со силни болки во нозете и Ковид. Да, таа беше вакцинирана!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПОСТ НА ГОДИНАТА

АГЕНДА 2030

СЛУЧАЈНИ ОБЈАВИ

ОЗНАЧЕНО ОД УРЕДНИКОТ

futvlogo1

Футв Медиа е самофинансиран медиум, известуваме целосно независно од политичките партии, државните институции и невладините организации.

Стапи во контакт со нас