„Во одреден момент општеството мора да се отвори“
Професорот Ендрју Полард, кој помогна во развојот на вакцината против Ковид на АстраЗенека, предупредува дека бескрајните засилувачки инјекции не се решение и дека „не можеме да ја вакцинираме планетата на секои четири до шест месеци“.
Ова се забелешките на Полард, претседател на Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI), во интервју за лондонски Телеграф.
Полард тврдеше дека е глупаво да се има „нулта Ковид“ политика без инфекција и дека „општеството мора да се отвори во одреден момент“.
Професорот побара повеќе докази пред да се заложи за четврти круг на вакцинација: „Зависи од тоа дали вашата цел е да ги спречите сите инфекции, но тоа е погрешно. Целта е да се спречат сериозни болести и да се заштитат здравствените системи ширум светот“.
Полард рече дека засилувачите треба да се фокусираат на најранливите, додавајќи: „Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои четири до шест месеци. Тоа не е ниту одржливо ниту достапно“.
Бидејќи Омикрон се покажа како значително помалку сериозен од претходните варијанти, Полард смета: „Најлошото е зад нас, само треба да ја пребродиме зимата“.
Тој исто така изјави дека „не е голем обожавател“ на задолжителната вакцинација, особено во Обидинетото Кралство, каде што таквата програма е „несоодветна“.
За фармацевтските гиганти како Фајзер, кој го зголеми својот профит за 133% годишно на 7,7 милијарди долари и продажбата од 134% до 24,1 милијарди долари благодарение на воведувањето на вакцините за Ковид, забелешките на Полард се мрачна вест.