Др. Роберт Мелоун - Детската вакцинација: „најрадикален медицински експеримент во човечката историја“

Пронаоѓачот на технологијата гРНК, американскиот виролог, имунолог и молекуларен биолог Др. Роберт Мелоун, кој постојано се изразуваше како исклучително критичен за вакцинацијата против КОВИД, сега особено предупредува на непоправливата штета од инјектирање на гени кај децата

Фактот дека тој од сите луѓе, како „можеби најквалификуваната личност на земјата“ (Такер Карлсон, Фокс Њуз), одлучува да дознае за ефектите од инјектирањето на гРНК е особено алармантно. Во специјалното видео тој ги повикува родителите „да се спротивстават и да се борат за заштита на вашите деца“.

Превод од цензурирано видео на др. Мелоун.

Др. Роберт Мелоун:

„Пред да го вакцинирате вашето дете - одлука што е неповратна - сакам да ги споделам со вас научните факти за оваа генетска вакцина, која се заснова на технологијата на гРНК вакцината што ја развив. Постојат три главни точки што родителите треба да ги разберат пред да ја донесат оваа неповратна одлука:

Првата е дека вирусен ген се инјектира во клетките на нивните деца. Овој ген го принудува телото на вашето дете да произведува токсични шилести протеини. Овие протеини често предизвикуваат трајно оштетување на важни органи кај децата: овие органи го вклучуваат нивниот мозок и нервниот систем, нивното срце и крвните садови, вклучително и згрутчувањето на крвта, нивниот репродуктивен систем.

Што е најважно, оваа вакцина може да предизвика длабоки промени во вашиот имунолошки систем. Она што е загрижувачко за ова е дека, штом ќе се случи оваа штета, таа е непоправлива. Тие не можат да се вратат назад. Не можете да ги поправите лезиите (оштетувањата) во вашиот мозок. Не можете да го поправите оштетувањето на срцевото ткиво. Не можете да поправите генетски компромитиран имунолошки систем. И оваа вакцина може да предизвика репродуктивна штета што може да влијае на идните генерации на вашето семејство.

Втората работа за која треба да знаете е фактот дека оваа нова технологија сè уште не е соодветно тестирана. Ќе бидат потребни најмалку 5 години тестирање и истражување пред навистина да ги разбереме ризиците поврзани со оваа нова технологија. Штетата и ризиците од новите лекови често стануваат познати само многу години подоцна. Ве замолувам, како родители, да се запрашате дали сакате вашето сопствено дете да биде дел од најрадикален експеримент во историјата на човештвото.

Една последна точка: причината што ви е дадена да го вакцинирате вашето дете е лага. Вашите деца не претставуваат никаква закана за нивните родители и баби и дедовци. Спротивното е точно. Вашиот имунитет од заразување со КОВИД е клучен за да го спасите вашето семејство, ако не и целиот свет, од болеста.

Како заклучок, нема корист за вашите деца или семејство од вакцинирањето на вашите деца против ниските ризици од вирусот, со оглед на познатите здравствени ризици од вакцината со кои вие, како родители и вашите деца, може да се соочите за остатокот од нивниот животот. Анализата ризик-придобивка не е ни приближно избалансирана за оваа вакцина за детството. Како татко и дедо, силно препорачувам да се спротивставите и да се борите за заштита на вашите деца.“

ПОСТ НА ГОДИНАТА

СЛУЧАЈНИ ОБЈАВИ

futvlogo1

Футв Медиа е самофинансиран медиум, известуваме целосно независно од политичките партии, државните институции и невладините организации.

Стапи во контакт со нас