Вработен во СЗО го потврдува истражувањето на смртоносните вируси во Вухан

На видео снимено непосредно пред да започне пандемијата на коронавирусите, истражувач на СЗО дискутира за експерименти со коронавируси врз човечки клетки и хуманизирани глувци на Институтот за вирусологија во Вухан.

Видеото е снимено на 9 декември 2019 година, три недели пред да се појави вирусот. Вирусологот Винсент Рачаниело зборува во видеото со британскиот зоолог и претседател на Алијансата ЕкоХилт, Питер Дазак.

Од 2014 година, организацијата на Дазак има добиено милиони долари од Националниот институт за здравство во САД (НИХ). Парите отидоа во Институтот за вирусологија во Вухан за истражување на коронавируси.

Помеѓу 2014 и 2019 година Дазак го координираше истражувањето со Ши Зенгли, попозната како „Дамата лилјак“. ЕкоХилт Алијансата доби 3,7 милиони долари од НИХ, а 10 проценти од нив се наменети за Институтот за вирусологија во Вухан, напиша НПР. Истражувањето за добивка на функција (gain of function) беше спроведено и од институтот во 2019 година.

Во интервјуто, истражувачот на СЗО рече дека некои коронавируси можат да напаѓаат човечки клетки во лабораторија, а други може да предизвикаат сарси кај хуманизирани глувци. Тој предупреди дека ваквите коронавируси не можат да се третираат со антитела и не можат да се вакцинира против нив.

Иронично, тој рече дека неговиот тим бара премин, пренесување на вирус од животни на луѓе што може да предизвика следна пандемија.

Изјавите на Дазак укажуваат на тоа дека Институтот за вирусологија во Вухан експериментирал со коронавируси во лабораторијата. „Лесно е да се манипулира во лабораторија“, рече тој.

Дазак исто така беше дел од тимот на СЗО кој патуваше во Пекинг на почетокот на оваа година за да го истражува потеклото на коронавирусот. Тимот на СЗО, во кој беше и Марион Купманс, по истрагата изјави дека е „крајно малку веројатно“ коронавирусот да потекнува од кинеската лабораторија.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПОСТ НА ГОДИНАТА

АГЕНДА 2030

СЛУЧАЈНИ ОБЈАВИ

ОЗНАЧЕНО ОД УРЕДНИКОТ

futvlogo1

Футв Медиа е самофинансиран медиум, известуваме целосно независно од политичките партии, државните институции и невладините организации.

Стапи во контакт со нас