Како што официјално објави американскиот систем за предупредување од цунами, се случи земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала во близина на брегот на Алјаска.
Тоа е најлош земјотрес во историјата на Алјаска од 1965 година. Земјотресот се случи во 22:15 часот (локално време, 08:15 часот по средноевропско време) на длабочина од 46 километри.
Најмалку два силни потреси, со јачина од 6,2 и 5,6 степени, се случиле во истата област во рок од половина час од првиот, објави американскиот геолошки институт.