Адвокатот Д-р Раинер Фуелмих учествува во анонимен видео разговор со медицинско лице кое работи во дом за стари лица

Адвокатот Д-р Раинер Фуелмих учествува во анонимен видео разговор со медицинско лице кое работи во дом за стари лица

Гласот во видеото на медицинското лице е изменет, поради загриженост од последици за работното место. Одкако член на Советот за Етика изнесе критики јавно против некои од мерките, непосредно по тоа беше разрешен од работното место.  Во јавноста имаше уште неколку слични случаи, поради тоа, очевидците се заплашени да стапат лично во јавноста кога сведочат, затоа кога даваат изјави тие тоа го прават анонимно.

 

Во видео разговорот со адвокатите Вивиане Фишер и Д-р Раинер Фуелмих од Комитетот за корона во Гермнаија, сподели шокантни сознанија за процесот на вакцинирање во пензионерскиот дом во Берлин. Таму, на 31 жител на одделот за деменција им била дадена вакцината Бионтех Фајзер на 3 јануари 2021 година - со разорни последици.

 

Првата смрт се случила по само шест дена. Околу две недели по првата вакцинација починале уште петмина жители. По четири недели имало вкупно осум мртви. И покрај тоа што постарите лица претходно биле во добра физичка состојба. На пример, еден од мртвите бил поранешен оперски пејач за кој се вели дека свирел пијано еден ден пред вакцинацијата. Човекот бил многу активен и во други погледи, дури и редовно одел на џогирање.

 

Доколку е потребно, присилна вакцинација

Според информациите дадени, самиот процес на вакцинацијата бил крајно нехуман: Жител на домот за стари лица кој се спротивставил на вакцинацијата бил приведен од медицинските сестри и со тоа бил принуден со физичка сила - без судски налог. Покрај тоа, војниците од Бундесверот биле присутни од неразјаснета причина, што очигледно видливо ги заплашило постарите луѓе, бидејќи и самите биле сведоци на војната.

Според  информациите, втората доза на вакцинацијата била дадена на 24 јануари без предупредување каде и да било сретнато постарото лице што треба да се вакцинира, било вакцинирано на лице место. Повторно, отпорот на една  жена која се бранела бил скршен со физичка сила - повторно без судска одлука. Медицинското лице известува нешто слично во врска со тестовите за Пе-Це-Ер: Оние кои се противеле биле насилно приведени.

 

Брзо влошување на здравствената состојба

На денот на првата вакцинација, четворица од жителите одеднаш покажале необични симптоми и биле толку уморни што заспале на масата за време на вечерата. Тие покажале слаба сатурација на кислород во крвта. Во текот на болеста, се појавило проблеми со дишењето, треска, едем, осип, жолтеникаво-сива промена на бојата на кожата и треперење на мускулите на горниот дел од телото и рацете. Исто така, биле забележителни промени во личноста, постарите лица одеднаш веќе не реагирале.

 

По втората доза, состојбата на некои жители продолжила да се влошува.

Жителите кои имале негативен тест на САРС-КоВ-2 пред вакцинацијата, одеднаш имале позитивни резултати на тестот. Ковид-19 симптоми не се појавиле.

 

Видеото е на германски јазик со англиски превод.

 

Сподели ако ти се допаѓа
Share on telegram
Share on facebook
Share on twitter
Share on vk
Share on whatsapp
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on tumblr
Share on digg
Share on email
Share on print

АКТУЕЛНО

ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА

ПОСТ НА ГОДИНАТА